Oтворен ден на GS1 Македонија 2018 – Дигитализација на македонското стопанство

GS1 Македонија по примерот на GS1 организациите од европските земји оваа година за втор пат организира отворен ден со атрактивни теми поврзани со новите трендови во електронската трговија и онлајн шопингот. Целта на собирањата од овој тип е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа и истиот се планира да премине во традиционален настан на GS1 Македонија кој што ќе се одржува секоја година. За сите присутни БЕСПЛАТНИ брошури како да продавате на AMAZON и EBAY

На вториот отворен ден на GS1 Македонија избрани се теми кои се поврзани со новите трендови во светот на трговијата. Американскиот експерт за дигитализација Роберт Бајдеман, директор на секторот за иновации во GS1, ќе зборува за најновиот проект на GS1 – GS1 Cloud со кој им се овозможува на компаниите во исполнувањето на потребите на денешните и идните потрошувачи. Продажбата на далечина е се повеќе застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовен, а обртот на средства преку онлајн трговијата е од година во година се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Онлајн трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет уште е мал и е во зачеток. Затоа Ве покануваме да присуствувате и да ги слушнете избраните предавачи кои ќе зборуваат за влијанието на дигитализација на деловните практики и потрошувачките навики како и на растечката важност на GS1 стандардите во повеќе каналната трговијата, или Омни-канал трговијата.

Покана

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Oтворениот ден на GS1 Македонија 2018, на тема:

"Дигитализација на македонското стопанство", кој ќе се одржи на 19-ти октомври 2018 (петок), со почеток во 10:00 часот, во хотел Александар Палас,Скопје (Конгрес сала 2, приземје).

Без разлика дали сте сопственик на бренд или трговец, дигиталниот маркетинг Ви помага во зголемувањето на онлајн продажбата на Вашите продукти. Искористете ја можноста за да дознаете повеќе за GS1 Cloud новиот проект на GS1 глобалната организација за прибирање податоци за сите производи означени со бар код во светот.

GS1 Македонија по примерот на GS1 организациите од европските земји оваа година за втор пат организира отворен ден со атрактивни теми поврзани со новите трендови во електронската трговија и онлајн шопингот. Целта на собирањата од овој тип е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа и истиот се планира да премине во традиционален настан на GS1 Македонија кој што ќе се одржува секоја година. За сите присутни БЕСПЛАТНИ брошури како да продавате на AMAZON и EBAY.

Онлајн трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет уште е мал и е во зачеток. Затоа Ве покануваме да присуствувате и да ги слушнете избраните предавачи кои ќе зборуваат за влијанието на дигитализација на деловните практики и потрошувачките навики како и на растечката важност на GS1 стандардите во повеќе каналната трговијата, или Омни-канал трговијата.

На вториот отворен ден на GS1 Македонија избрани се теми кои се поврзани со новите трендови во светот на трговијата. Американскиот експерт за дигитализација Роберт Бајдеман, директор на секторот за иновации во GS1, ќе зборува за најновиот проект на GS1 – GS1 Cloud со кој им се овозможува на компаниите во исполнувањето на потребите на денешните и идните потрошувачи. Продажбата на далечина е се повеќе застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовен, а обртот на средства преку онлајн трговијата е од година во година се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Искористете ја оваа исклучителна можност која бесплатно Ви ја нуди GS1 Македонија, збогатете го вашето знаење и бидете информирани за современите текови, технички решенија и глобални трендови во дигиталната трговија која од ден во ден станува се позастапена и несомнено во блиска иднина ќе го преземе приматот од класичната трговија.

Со почит,

Слаѓана Милутиновиќ

Извршен директор на GS1 Македонија

ПРОГРАМА

09:30 - 10:00 Регистрација на учесниците
10:00 - 10:10 Воведно обраќање на г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ,директорот на GS1 Македонија
10:10 - 10:20 Свечено отворање на настанот и обраќање на г-дин Бранко Азески,претседател на Стопанската комора на Македонија
10:20 - 11:00 GS1 стандарди за идентификација - бескрајни можности
(Robert Beideman, GS1 Global Office)
11:00 - 11:15 Стратегија и истражување за дигитализација и електронска трговија кај компаниите во Македонија
(Сeргеј Зафироски, Инсајдер ИД - Скопје)
11:15-11:35 Кафе пауза
11:35 - 12:20 Поврзување на физичките и дигиталните податоци
(Robert Beideman, GS1 Global Office)
12:20-13:00 GS1 Каталог - алатка за дигитализација на македонските производи
(Кирил Коровешовски, GS1 Македонија)
13:00-13:30 Најдобри практики на имплементација на GS1 стандардите во onlinе продажба во македонските компании КОМФИ АНГЕЛ ДОО Прилеп и ВИТАЛИА ДОО Скопје
13:30-13:45 Дискусија
13:45-14:30 Коктел дружење

Симнете ја програмата во PDF

Отворен ден на GS1 Македонија 2018

На 19-ти октомври 2018 година во хотелот Александар Палас – Скопје по втор пат се одржа Отворениот ден на GS1 Македонија со наслов “Дигитализација на македонското стопанство”. Темите на презентациите на настанот беа поврзани со начините како дигитализацијата може да ги трансформира сите бизнис процеси и да овозможи голем број бенефити и конкурентска предност на македонските компании, што предизвика голем интерес кај македонските компании. Како потврда на тоа се 156 регистрирани учесници и над 170 присутни учесници од сите сегменти на македонското стопанство (производители, дистрибутери, софтверски провајдери, маркети), како и голем број национални медиуми кои известуваа за важноста на овој настан.

Настанот го отвори г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, кој даде свое видување на состојбата на македонските компании во однос на имплементацијата на дигитализацијата, начините како македонските компании би можеле да ја искористат оваа шанса и да станат конкурентни на дигиталните пазари на кои не постојат физички граници и на кои нашите компании може да се натпреваруваат со својот квалитет без да бидат ограничени од социјалните и политичките случување. Воедно ја нагласи важноста на GS1 Македонија, која успева секоја година да ги организира ваквите настани и испрати пофалби до самите присутни компании за нивниот интерес и ги нарече лидери во македонската економија.

Кратко обраќање на настанот имаше и директорот на GS1 Македонија, г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, која даде краток осврт на сите досегашни иновации и проекти на кои работат GS1 Македонија и GS1 глобалната организација и ја потенцираше важноста на ваквата тема во денешната ера на дигитализација, како и нејзината желба македонските компании што поскоро и во голем број да се приклучат во различните проекти на кои работи GS1 Македонија.

Гостинскиот предавач од САД, Роберт Бајдеман, директор на секторот за иновации и решенија во GS1 Глобалната организација имаше две предавања преку кои успеа да им ја долови важноста на GS1 стандардизацијата и бенефитите кои ги имаат компаниите во светот, но и да укаже на досега сеуште неоткриените можности на македонските компании во полето на дигитализацијата и електронската трговија.

Во својата прва презентација “GS1 стандарди за идентификација – бескрајни можности” потенцираше дека позади секоја успешен пример на електронска трговија, меѓутоа и позади секој успешен пример од физичкиот свет во сегментите на производство, трговија и логистика, итн. секогаш стојат GS1 стандардите и GS1 идентификацијата. Всушност, GS1 стандардите овозможуваат овие два сегменти (дигиталниот и физичкиот) да се спојат и меѓусебно да се надополнуваат токму преку уникатната идентификација на производите без разлика дали тие постојат во физичкиот или дигиталниот свет.

Во својата втора презентација “Поврзување на физичките и дигиталните производи” се задржа на начините како GS1 Глобалната организација ја превзема лидерската улога и ги поставува ваквите проекти во нејзиниот фокус. Со креирањето на новиот проект GS1 Cloud јасно се поставуваат приоритетите на GS1 Глобалната организација, а тоа е дигитализацијата на податоците за производите, како основен начин за понатамошно градење на различни апликации, софтверски решенија, статистики. Преку собирањето на над 80.000.000 податоци за производите до овој момент, GS1 Глобалната организација ја дава својата целосна поддршка во креирањето на најголемата база на податоци за производи во светот и им благодари на сите GS1 организации, вклучувајќи ја и GS1 Македонија, за нивната работа со членките во секоја земја и нивниот придонес во собирањето на податоците. На крај, апелираше до македонските компании за нивно поскоро приклучување во GS1 Cloud.

Г-динот Сергеј Зафироски, директор на Инсајдер ИД – Скопје, презентираше две истражувања направени во македонските компании во однос на степенот на имплементација на дигитализацијата во компаниите и нивната стратегија за дигитален маркетинг и трговија. Земајќи во предвид дека 66% од потрошувачите од Македонија на возраст од 19-54 години купиле некаков производ на интернет и очекуваниот пораст на дигиталната трговија во 2023 година се очекува да биде над 200 милиони евра, јасно е дека и во Македонија се формираат услови за заживување на дигиталната трговија, а тие услови се далеку подобри во западноевропските земји. Поради тоа како еден од клучните предлози кои произлегуваат од оваа презентација е дека секоја компанија мора да изврши реструктурање на својот бизнис модел во насока на исполнување на основните потреби за дигитализација.

Создадените можности за заживување на дигиталната трговија, како и можностите кои ги нуди GS1 Глобалната организација преку нивниот проект GS1 Cloud, беа мотив GS1 Македонија пред 4 години да започне со развој на 2 нови софтверски решенија за собирање на податоците: GS1 Каталог и myGS1. М-р. Кирил Коровешовски, технички советник во GS1 Македонија, ги презентираше двете решенија пред присутните и нагласи дека иако проектот функционира веќе 4 години, директното учество на македонските компании не е задоволително ниво. Беа презентирани бенефитите од двата проекти, начините како компаниите може да ги користат и начинот на кој овие податоци се синхронизираат позадински со GS1 Cloud, односно начините на кои податоците за македонските производи се синхронизираат и се вметнуваат во најголемата база на податоци за производи во светот.

На крајот на Отворениот ден, присутните имаа прилика да се запознаат со најдобрите практики од имплементацијата на GS1 стандардите во online продажбата во двете македонски бренд компании КОМФИ АНГЕЛ и ВИТАЛИА. Претставниците на компаниите ги презентираа нивните електронски продавници и дадоа осврт на начините на кои ги користат GS1 баркодовите во дистрибутивниот синџир и во самите електронски продавници. Овие примери беа презентирани со цел останатите компании да ја увидат важноста и да се решат да го превземат првиот чекор во 21 век – дигитализација на сите процеси во компанијата.