еИнфo
No27 - ноември 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

„Производите од GS1 Каталогот видливи и во Food Gate - Русија“

„Интервју со Г-дин Denis Ayzikovich (FOOD Gate)“

„Интервју со Г-дин Denis Ayzikovich, извршниот директор на Gate LLC за FOOD Gate и соработката со GS1 Македонија“

    Г-дин Denis Ayzikovich, извршниот директор на Gate LLC и г-динот Олег Герман, проектен менаџер, се луѓето одговорни за креирањето и имплементирањето на веб базираниот систем за електронска комерција на прехранбени производи – Food Gate (http://en.foodgate.ru).

    Дали ќе можете накратко да ни ја објасните идејата зад креирањето на Food Gate и начинот на кој функционира?

    Иницијалната идеја на проектот – креирање на глобален систем за нарачка на прехранбени производи во Русија многу брзо станува реалност. Постојат специјализирани веб портали каде што компаниите може да објавуваат огласи и понуди за производите, но овие портали не овозможуваат брзо пребарување со висок квалитет на релевантни информации, бидејќи сите информации презентирани на корисниците се во форма на поединечки текстуални пораки оставени од корисниците.

    Нашиот проект е фундаментално различен – сите информации за купувањето и продавањето на производите се во структуриран формат, што овозможува брзо пребарување

    Food Gate постои веќе 2 години. Кои се главните успеси кои успеавте да ги постигнете и која е следната цел на која сте фокусирани?

    Главниот успех е употребата на интернационалните стандарди во креирањето на системот, особено користењето на GS1 класификацијата на производите (GPC) и добивањето на информации за производот преку неговиот бар код – GTIN, со што се овозможува собирањето и комбинирањето на податоците за производите и производителите од различни земји во еден систем. Во блиска иднина планираме да извршиме поврзување со каталозите од Словенија, Србија, Белорусија, Грузија и балтичките земји. Исто така вршиме проширување на системот, освен сегментот B2B (бизнис со бизнис) да го опфати и B2G (деловен однос со владини тела). Моментално соработуваме со владините тела во Русија во развојот на услугите за јавни набавки. Нашиот систем ќе биде врската меѓу владините агенции, начин за објавувањето на продажбите, како и основна алатка за поврзување на производителите и набавувачите.

    На 1 Август 2015, GS1 Каталог (каталогот на македонските производи од GS1 Македонија) беше синхронизиран со нашата B2B платформа за е-комерција Food Gate. Како започна оваа соработка и какви се Вашите очекувања?

    Нашата соработка со GS1 Македонија започна по нашата средба со тимот на GS1 Македонија во март 2015 година во Брисел за време на саемот за размена на идеи и услуги меѓу GS1 националните организации на годишниот Глобален Форум, каде што го презентиравме нашиот проект заедно со GS1 Русија. Нашата презентација предизвика интерес кај учесниците и вработените од GS1 Глобалната организација. По саемот започнавме да комуницираме со неколку GS1 национални организации, но првата GS1 организација со која успеавме да извршиме синхронизација е GS1 Македонија. Со тоа успеавме да докажеме дека нашиот систем е одлична алатка за воспоставување на меѓудржавни бизнис релации помеѓу трговските партнери во Русија и Македонија. Се надеваме дека искуството од нашата соработка ќе биде пример за останатите GS1 организации и нашите услуги ќе станат неопходни за сите учесници во дистрибутивниот синџир.

    Дали може да ни објаснете накратко за потенцијалите на рускиот пазар? Зошто македонските компании би имале бенефити од соработката со руските компании?

    Рускиот пазар е многу голем, и покрај моменталната политика кон Русија. Русија е приморана да ги задоволи своите потреби за одредени производи на сметка на своите ресурси, но тоа не е можно за сите типови на производи. На тоа најмногу влијание имаат климатските и сезонските услови, кои се разликуваат во различни делови од Русија. Ние се надеваме дека моменталната политичка ситуација ќе се подобри и дека соработката меѓу трговските партнери меѓу нашите земји ќе се зајакнува во иднина.

    GS1 Македонија, како GS1 национална организација има крајна цел GS1 Каталогот да стане дел од Глобалната мрежа за синхронизација на податоци (GDSN) за B2B комерција. Какви се Вашите искуства со GDSN и кои се советите кои може да ги споделите со компаниите членки на GS1 Македонија?

    Учеството на производителите, трговците и потрошувачите во GDSN е многу скапо и е неопходна дополнителна ангажираност на ресурси во повеќето компании. Нашиот систем е поедноставен и попристаплив, односно е многу полесен за користење. Ефективноста на GDSN, како и на Food Gate, најмногу зависи од бројот на учесници – колку повеќе учесници, толку подобро. Затоа нашата главна задача е да го привлечеме вниманието на компаниите за нашиот систем и да продолжиме на развојот на неговите функционалности.

    Наш совет е сите членки на GS1 Македонија да започнат да ги користат новите канали и инфомармациони технологии за подобрување на бизнис процесите.

    Кои се земјите и GS1 организациите со кои работите, на кој начин и на кое ниво е вашата соработка?

    До денес, нашиот систем е интегриран со GS1 Русија и GS1 Македонија. Моментално сме во преговори со GS1 Белорусија и другите земји од Заедницата на независни држави за интеграција на базите на податоци за производи и производители во еден систем. Словенија, Србија и Хрватска исто така искажаа интерес за интеграција со нивните каталози. Освен со GS1 националните организации, ние соработуваме и со GS1 EDI провајдери кои ги користат GS1 стандардите. EDI провајдери се трговците и потрошувачите, и наша цел е поврзување на EDI провајдерите со нашиот систем за проширување на нивната видливост на пазарите и полесно пронаоѓање нови партнери.

    Дали верувате дека Русија, како и Македонија, две земји со долг период на транзиција ќе имаат големи бенефити од проекти како што е овој во економска смисла и каква треба да биде улогата на GS1 во овие проекти?

    GS1 стандардите се дизајнирани за поедноставување на бизнис процесите во целиот свет, секако најпознат од тие процеси е користењето на бар кодот за означување на трговските производи. Во Русија размената на електронски документи меѓу трговските партнери со користење на услугата EDI се развива многу брзо. Моментално имаме 6 водечки провајдери. Развојот на IT услугите е поврзан со економскиот развој на земјата, и најчесто е последица од ваквиот развој, а не причина. Да се надеваме дека ваквиот позитивен тренд ќе продолжи.

    Дали сте запознаени со некои од практичните бизнис бенефити за компаниите од користењето на Food Gate?

    Во системот Food Gate секојдневно се вршат околу 30 трансакции меѓу партнерите. Денес, системот му дозволува на посетителите да пронајдат партнер во согласност со одредени критериуми и да ги добијат неговите контакт информации. Системот не е процесирачки центар, односно не може да гарантира дека трансакцијата ќе се изврши меѓу партнерите. Во иднина, планираме да ја овозможиме и таа услуга. Секојдневно системот го посетуваат 2500 нови посетители и 500 повторни посетители. Поделеноста на посетителите според земјите и регионите е следнава: Русија - 91.5%, земјите од Заедницата на независни држави – 6.8% (Украина – 3.5%, Казахстан – 1.25%, Белорусија – 1.4%, Молдавија – 0.2%) и Европа – 1.14%.

    Кои се вашите планови за проширување на Food Gate и синхронизација со каталозите од другите земји?

    Во Food Gate, моментално постои само сегментот FBT – food, beverage, tobacco (храна, пијалоци, тутун), па посетителите се луѓето кои се заинтересирани за производи од овој сегмент. Овој сегмент беше најпредизвикувачки и најголем, па затоа беше избран прв. Системот е дизајниран врз основа на GS1 стандарди, па дозволува работа и со останатите сегменти на производи. Во блиска иднина планираме интегрирање на каталозите од другите сегменти.

    На крај, дали имате нешто да додадете?

    Би сакал да им се заблагодарам на GS1 Македонија и на сите македонски компании кои ја сфатија комплексноста и важноста на овој проект и за нивното приклучување за овој проект да стане реалност и да се подобри нивниот бизнисот во сите сектори.