Посета на регионалниот форум на GS1 in Europe со наслов „Услужување на потрошувачите во 21-виот век“

sometext

Размислувањето дека корисникот е секогаш на прво место е всадено во начинот на кој размислуваме. Ова е случај денес, многу повеќе него претходно, како што Web 2.0 и социјалните мрежни технологии се прифаќаат од организациите и индивидуите. За бизнисот со ова се додава уште едно ниво на комплексност во традиционалните предизвици за намалување на трошоците и зголемување на профитот преку градење на систем на лојалност со потрошувачите. Форумот се одржа во Ница, Франција, од 3-ти до 7-ми ноември 2014 година. На настанот од GS1 Македонија претставници беа Билјана Рембоска, Срѓан Милутиновиќ
и м-р Александар Кедијоски.

sometext

Прв пленарен ден

Фантастичниот успех на социјалните мрежи, форуми, блогови, тагови, видео и он-лајн помош итн. е сведок на незаситеноста на јавноста од информации. На овој форум беше опфатен точно овој дел каде производителите и продавачите ги споделија нивните погледи кон оваа проблематика и беше даден заклучок што тие треба да направат или веќе имаат направено за да одговорат на се поголемите барања и потреби на корисниците од 21-виот век. Меѓу заклучоците истакната е дека иднината на трговијата се гледа и ќе се развива во насока на електронска трговија и трговија преку така наречен омни канал.

sometext

Обраќање на г-дин Мигуел Лопера CEO на GS1 Global Office

sometext

Втор пленарен ден

Трговијата еволуира од трговија преку еден канал во трговија преку повеќе канали и на крај во омни канала во кој трговците продажбата паралелно мора да ја овозможат во точките на концентрација на крајните потрошувачи како трафики, продавници, апликации, таблет компјутери, мобилни телефони и други уреди, а со цел продуктот да е видлив и на дофат до крајниот потрошувач во секој момент. За продуктот да биде уникатно идентификуван во целиот тој систем бизнис задницата ги прифаќа GS1 стандардите кои нудат постојана уникатна идентификација на продуктот низ сите канали, со користење на уникатниот GTIN на продуктот податоците за него може да се концентрираат, зачуваат и споделат преку еден доверлив извор кој ќе претставува база врз која ќе се прави онлајн пребарувањето и откривањето на продуктот преку кориснички ориентиран пристап. Друг бенефит е тоа што GS1 преку своите каталози нуди точни и подобрени податоци за продуктите, тоа е нешто што долго време го бараат крајните корисници. Преку користење на GS1 продуктите за следливост продавачите добиваат напреден систем за управување со својот инвентар, а тоа им овозможува вистинскиот продукт да се најде на вистинскиот канал за продажба во омни канал моделот. GS1 стандардите овозможуваат и следливост од крај до крај што е од големо значење и за производителите и за потрошувачите.

На настанот учествуваа повеќе од 250 претставници од 45 организации членки на GS1 in Europe како и претставници од големите интернационални производители и дистрибутери.

Корисни линкови