Работилницa "Правилно означување на транспортните кутии и палети по GS1 стандарди - пасош за извоз"

На 16.05.2013 GS1 Македонија одржа тренинг обука на своите членки од градовите Неготино и Кавадарци, во просториите на општината Неготино.

Целта на тренинг сесијата „Правилно означување на транспортните кутии и палети по GS1 стандарди“ се постигна, бидејќи интерактивниот пристап овозможи на претставниците на 30 компании кои ги баркодираат своите производи да се стекнат со дополнителни знаења за лесно, правилно и ефикасно да ги користат GS1 стандардите во деловното работење, го зголемат својот извоз и станат поконкурентни на домашниот и странските пазари.

 

Низ видео презентации и филмски материјали се презентираа следните теми: основи на GS1 системот, означување на транспортни кутии со GS1 128 бар код симболот, означување на транспортни палети со GS1 логистичка етикета.

Со секој учесник посебно се работеше на практично совладување на правилната употреба на софтверот за генерирање на GS1 логистичката етикета, кој специјално за потребите на малите и средните претпријатија го разви самостојно GS1 Македонија.

Учесниците имаа можност да се уверат во важноста на квалитетно изработените бар кодови и да ги проверат на нашиот верификатор.

 

 

По завршување со тренинг обуката, тимот на GS1 Македонија оствари работна посета на нашата членка „Повардарие“ – Неготино, која прва го користеше софтверот за изготвување на GS1 логистичка етикета, која и беше поставена како задолжителен услов за понатамошна соработка од странскиот партнер.

Корисни линкови