Глобалната GS1 Здравствена конференција во Копенхаген 2014

Копенхаген, Данска, 21-23 октомври 2014 – GS1 објави денес дека нивната Глобална здравствена конференција, која се одржуваат два пати во годината, беше посетена од 350 професионални здравствени работници од 43 земји, кои беа запознаени со најновите вести во врска со имплементацијата на GS1 стандардите во здравствениот сектор, со цел да се исполнат сите регулаторни и кориснички барања. Конференцијата беше огромен успех и најмасовно посетена досега, со рекорден број на учесници. GS1 Македонија учествуваше на Конференцијата со свој претставник.

Г-дин Ник Хаеккеруп, министерот за здравство во Данска, ја отвори конференцијата и во својот воведен говор обрна внимание на сите предизвици со кои се соочува индустријата и како GS1 стандардите им помагаат на здравствените професионалци да овозможат безбедни и потранспарентни процеси во дистрибутивниот синџир.

Лорд Филип Хант, потпарол на UK Shadow, претседател на Асоцијацијата за набавки во здравство и претседател на Кралското општество за јавно здравје, ги презентираше најновите промени во стратегијата за електронска набавка во Агенцијата за национални здравствени услуги во Англија, кои ги наложуваат GS1 стандардите. Присутните беа запознаени со заштедите од 1.5- 2 милијарди евра во Министерството за здравство со воведувањето на новата стратегија за електронска набавка.

“Глобалната GS1 здравствена конференција е платформа за здравствените професионалци низ светот за да се поврзат и да разменат информации за имплементацијата на стандардите и регулативите, добиените бенефити за пациентите и новостите во здравстениот сектор.” – рече Мигел Лопера, претседател и генерален извршен директор на GS1.

“Една од клучните теми на кои се разговараше за време на конференцијата беше работата со вакцините во земјите во развој, бидејќи неодамна се започна со откривање на потенцијалот за користење на GS1 бар кодовите во дистрибутивниот синџир на вакцините и очекуваните бенефити.” – се надоврза г-дин Лопера.

 sometext 

Тргнувајќи од работата на GS1 за имплементација на стандардите во здравствениот сектор и објавувањето на извештајот на McKinsey & Company “Јачината во обединувањето: Ветување за глобални стандарди во здравството” (анг. “Strength in unity: The promise of global standards in healthcare”), организацијата има соработувано со повеќе од 60 глобални здравствени организации, кои ја имаат изразено нивната силна поддршка со потпишување на документ со кој се поддржува прифаќањето на GS1 стандардите како глобални стандарди кои најсоодветни стандарди за здравствениот сектор. Bernhoven болницата од Холандија беше 60-тата која го потпиша документ.

sometext

“Со користење на GS1 стандардите за медицински помагала се намалува бројот на грешките, може да се спроведува повлекување на производите побрзо и попрецизно и да се намали непотребната залиха”. – изјави Џастин Битер, бизнис менаџер во Bernhoven болницата. Bernhoven болницата и Leuven универзитетската болница беа наградени со GS1 Healthcare Provider Advisory Council (HPAC) награди за време на конференцијата за имплементацијата на GS1 стандардите.

 

Следната GS1 Конференција за здравство ќе се одржи во Мексико во април 2015 година.

Корисни линкови