Нашиот Управен одбор

Управниот одбор е составен од седум членови, вклучувајќи го и претседателот и заменик-претседателот на Собранието.

Членовите на Управниот одбор ги избира Собранието на годишна седница, со мнозинство гласови од присутните членови, со тајно гласање, за мандатен период од 3 години, со можност за повторен избор.

Управниот одбор на GS1 Македонија:

  • ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието на GS1 Македонија;
  • ги утврдува предлозите на актите што ги донесува Собранието;
  • донесува финансиски одлуки за тековното работење на GS1 Македонија;
  • ги утврдува и ги доставува до Собранието на усвојување програмата за работа, финансискиот план за наредната година, како и извештајот за работа и финансискиот извештај за претходната година;
  • ја утврдува висината на пристапнината, годишната членарина и надоместоците за користење на GS1 броеви;
  • го именува и го разрешува директорот на GS1 Македонија;
  • назначува овластен ревизор да изготви годишен ревизорски извештај за финансиското работење;
  • води политика на омасовување на членството;
  • одлучува за прием, исклучување и бришење од евиденцијата на членките;
  • разгледува и усвојува примена на меѓународните стандарди;
  • се грижи за коректна примена и заштита на прописите, стандардите и принципите на GS1 системот;
  • формира работни групи, секции и други помошни органи;
  • по потреба формира привремени работни групи за конкретни работни задачи;
  • врши други функции во согласност со политиката за унапредување на GS1 системот, GS1 Македонија и законските прописи;
  • донесува акт за организација и систематизација на работни места;
  • да инвестира, да ги депонира или да работи со средствата на Асоцијацијата кои не се неопходно потребни за наведените цели, преку купување или продавање на хартии од вредност, купопродажба на подвижен или недвижен имот, давање и земање под закуп на недвижности, давање под наем или изнајмување подвижни ствари, заради постигнување на целите поради кои е формирана Асоцијацијата;
  • ги врши сите други работи утврдени со Статутот и со актите донесени од Собранието, доколку не се во исклучителна надлежност на Собранието.

Управниот одбор има огромен придонес во организацијата и нејзините цели помагајќи на GS1 Македонија да понуди најдобри решенија на своите членки за проблемите со кои тие се соочуваат.

Членови на Управниот одбор на GS1 Македонија:

Jim Spittle

Претседател на Управниот одбор на „Витаминка“ АД- Прилеп

Симон Наумоски е во моментот еден од најпроминентните стопанственици во Република Македонија. Роден е во Прилеп во 1941 година каде го заврши и основното и средното Образование.

Неговата деловна кариера трае повеќе од 54 години, започнувајќи 1964 година на местото Асистент веднаш по дипломирањето на Технолошко-Металуршкиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истата година, преминува во Фабрика и Рудници „Партизан“ од Прилеп во која наредните 4 години работи како управител на производниот погон, одреден периот таа година работи и како Технички Директор во фабриката за градежни материјали „6ти Ноември“ од Неготино, а потоа до 1970 година во својство на Професор ги едуцира идните хемиски техничари во Хемиско Техничкиот Училишен Центар во Прилеп. Во 1970, но овој пат како Технички Директор се враќа во прилепски „Партизан“, откаде ви 1974 започнува неговата кариера во ПИ „Витаминка“ АД од Прилеп која трае сè до денес.

Во текот на својата деловна кариера тој врши и влијателни функции во управни тела на неколку стопански асоцијации (член на УО на Стопанската Комора на Македонија и Претседател на УО на Регоналната Стопанска Комора во Прилеп), како и член на Управниот Одбор и член на Надзорниот одбор на Комерцијална Банка АД од Скопје. Освен тоа, во 1990 година тој беше член на делегацијата на Собранието на Р. Македонија во Сојузното Собрание на СФРЈ во Белград. Од 1990 до 1998 година тој беше и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Симон Наумовски за својата успешна деловна кариера и сцојата општествена работа е добитник на повеќе награди и признанија и тоа: Менаџер на годината во Р. Македонија во 1994, 11ти Октомври - Награда за животно дело, 3 ти Ноември – награда од градот Прилеп и прогласен е за најменаџер на Централна и Југоисточна Европа 2016 година во Сараево.

Симон Наумоски од 2005 година е Претседател на Собранието и на Управниот Одбор на GS1 Македонија.

Jim Spittle

Директор за информатика во „Алкалоид“ АД – Скопје

Никола Димовски е роден во Тетово. Основно и средно образование заврши во Прилеп. Со звањето дипломиран електротехнички инжинер (насока информатика) се стекна на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој целата своја бизнис кариера ја гради во Алкалоид АД од Скопје, каде што се вработи во 1987 напредувајќи постојано нагоре по хиерархиските скалила во компанијата. Работеше во неколку оддели меѓу кои и во Информатички Технологии и Телекомуникации, Набавки, Продажба, Квалитет на Производство и Поддршка на Корисници. Во 2004 година застанува на челото на одделот за Информатички Технологии и Телекомуникации како Директор.

Никола Димовски е експерт во полето на Информатичките Технологии и Телекомуникациите и како таков, во текот на годините бил проектен координатор или учесник во голем број на проекти. Покрај тоа тој е и експерт во воведување, развој и имплементација на GS1 Системот на Стандарди, помеѓу кои и целосно означување на производната палета на Алкалоид АД – Скопје со EAN-13 Баркод симбологијата, Следливост (од крај до крај), означување на единечните пакувања на лековите со GS1 2D баркод симбологијата (GS1 DataMatrix) за означување на секундарните пакувања, додека терцијалните и повисоките хиерархиски пакувања со SSCC. Тој е директно вклучен и во активностите кои произлегуваат од исполнување на одредбите на ЕУ 2016/161 Директивата со која се регулираат безбедносните обележја кои се применуваат на пакувањата на медицинските производи наменети за човечка употреба.

Никола Димовски е редовен учесник, а неретко и излагач и презентер на едукативните настани во организација на GS1 Македонија на теми кои се однесуваат на медицината и фармацијата. Во својство на експерт на покана на GS1 Македонија тој учествуваше на GS1 Глобалниот Форум оддржан во Брисел, Белгија во 2011 и на GS1 Меѓународната Конференција за Здравство одржана во Лисабон, Португалија во 2012 година.

Директно или индиректно тој е постојано инволвиран и упатен во работата на GS1 Македонија. Во 2009 од Собранието на GS1 Македонија e избран за член на Управниот Одбор, а од 2015 година е и заменик-претседател на Собранието и на Управниот одбор.

Jim Spittle

Mенаџер за финансии и развој во „Веропулос“ ДООЕЛ – Скопје

Елизабета Кочовска-Ицева е Дипломиран Економист – насока Макро Економска Политика и Развој на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Елизабета Кочовска-Ицева е основач и управител на Консултантската Агенција Бета Консалтинг ДООЕЛ Скопје. За Веропулос ДООЕЛ – Скопје работи како надворешен консултант во одделот за финансии, правни работи, развој и нови инвестиции. Таа е експерт-консултат во следниве области: Економија, Финансии и Право, Сметководство, Надворешна Трговија, Странски Инвестиции, Водење Бизнис во Македонија, Катастарски Работи и Градежни Дозволи, Изградба на Капацитети, Организациско Однесување, Постпродажна Грижа и Поддршка на Корисници, Менаџмент, Менаџерско Сметководство и Финансиски Извештаи, Финансиски и Правни Услуги, Даноци, Надворешна Трговија, Управување со Човечки Ресурси.

Таа постојано ја надградува и оплеменува својата стручност стекнувајќи се со повеќе Дипломи и Сертификати на престижни студиски програми, курсеви и тренинг програми, меѓу кои и:

  • International Course of Securities на Securities Institute – London (Курс спонзориран од страна на British Know-How fund, а одржан на Економскиот Факултет во Скопје);
  • Management Training Program на University of Central Lancashire, business school JICAP, Lancashire and London UK;
  • Agency of International Development, USA, World Learning, USA - EMT Program, Chicago, USA;
  • International Council of Management Consulting Institutes (ICMCI) - Certified Management Consultant;

Taa има изготвено повеќе проекти:

  • 1999: Проект во рамките на International Course of Securities на Securities Institute – London на тема: Услови за Учество на Пазарите на Капитал;
  • 1999: Проект спонзориран од US AID: Малите и Средните Претпријатија во Македонија.
  • 1999: Проект организиран од ITALTREND s.r.l. – Италија: „Техничка Помош за Македонските Компании“.
  • 1999: JICAP Програма спонзорирана од British Council, Лондон
  • 2002: Проект изработен за Канцеларијата на Светската Банка во Скопје: Развој на Општеството Преку Културата – Социјална Проценка;
  • 2002: Проект изработен за Канцеларијата на Светската Банка во Скопје: Постконфликтна Ситуација во Кумановскиот Регион – Можности за Ревитализација;
  • 2003: Проект изработен во рамките на Тренингот во Агенцијата за Меѓунаротен Развој во Чикаго, САД
  • 2010: Проект изработен во рамките процесот здобивање на сертификатот од ICMCI.

Елизабета Кочовска-Ицева учествува во работата на повеќе професионални асоцијации: Регионални Стопански Комори, Стопанска Комора на Македонија, Американска Стопанска Комора во Македонија (AMCHAM), British Bussiness Group Macedonia и Асоцијацијата за GS1 Стандарди – GS1 Македонија како член на Управниот одбор.

Jim Spittle

Управител на „Европа“ ДООЕЛ – Штип

Данче Ѓурова е Управител и Генерален Директор на Европа ДООЕЛ од Штип, една од компаниите дел од групацијата на Макпромет АД од Штип.

Таа е родена во 1971 година во Штип каде заврши основно и средно образование. Се стекна со научното звање дипломиран инженер по прехранбено и биотехнолошко инженерство на Технолошко-Металуршкиот Факултет при Универзитретот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1998 година.

Во периодот од 2006 до 2010 година во повеќе наврати учествува на стручни семинари на Централниот Колеџ за Кондиторска Индустрија во градот Солинген, Северна Рајна-Вествалија, Германија.

За Управител во Европа ДООЕЛ Штип е назначена на 04.01.2006, а од јануари 2013 година покрај управителското место, Данче Ѓурова започна да ја врши функцијата и на главен и одговорен менаџер за техничко-технолошко унапредување на целата групацијата Макпромет Штип.

Jim Spittle

Генерален директор на „Даути Комерц“ АД –Скопје

Џемаил Даути е истактнат стопанственик, директор и претседател на Даути Комерц АД – Скопје. Роден е 1962 година во с. Бојане крај Скопје. Гимназија и Економски Факултет заврши во Скопје.

Тој е основач на Фондацијата Албиз чија визија е промоција на корпоративната општествена одговорност и филантропија преку организација и промоција на едукативни, културни, економски и социјално-хуманитарни програми.

Џемаил Даути и Даути Комерц добитници се на низа признанија од областа на бизнисот и општествена одговорност.

Царинската Управа на Република Македонија во 2015 година на Џемаил Даути му одаде признание врачувајќи му пофалница за долгогодишната соработка. Истата година Европската Бизнис Асоцијација го награди со престижна награда.

Jim Spittle

Генерален директор на „Нелт- СТ“ ДООЕЛ-Скопје

Зоран Стојчевски е на моментална позиција- Управител на Нелт-СТ, компанија која е една од водечките од областа на дистрибуцијата на прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка.

Неговите почетоци како дел од тимот на Нелт-СТ датираат од почетокот на 2000-та год. а во текот на својот професионален развој се стекнува со искуство преку повеќе позиции од сектор Продажба.

На позиција Управител на Нелт-СТ успешно раководи повеќе од шест години. Со секојдневна комуникација и координација на работните задачи на останатите сектори одговорен е за остварување на компаниските стратегии, зададените цели и акционите планови на компанијата како и за управување и унапредување на процесите на компанијата.

Jim Spittle

ИТ Менаџер, координација на бизнис процеси во Групација Зегин

Ана Стојменска е родена во 1957 година во Скопје, Република Македонија. Своето образование го стекнува на Природно – математичкиот факултет на УКИМ, отсек ИТ. Има познавања од повеќе јазици, меѓу кои англиски, руски и италијански.

Професионално искуство:

  • 03/2014 до денес, Зегин ДОО Скопје - ИТ Менаџер, координација на бизнис поцеси во Групација Зегин
  • 03/2011-05/2012.Семос Мултимедиа -управител
  • 01.01.2010-05/2011 ЕЦС Софтвер ДОО Скопје - управител
  • 12/2007-12/2010 - ИТ Менaџер Јака 80 АД Радовиш , менаџирање и координација и телекомуникациска технологија во ИТ сектор во сите компании со главен акционер Јака 80 АД Радовиш.
  • 08/2006-10/2007 Менаџер на сектор за поддршка во Македонска Банка , Ад Скопје
  • 2005-08/2006 ИТ Менаџер, проект менаџер и тим лидер на имплементација на повеќе проекти во Македонска Банка АД-Скопје, вклучувајки и миграција на нов софтре, воведување на ВОИП, миграција на локација на ИТ сектор, организација на систем за бедбедност и др
  • 1997-2005 ИТ Менаџер во компаниите чиј главен акционер е Јака80-АД Радовиш. Целосна имплементација на нов информациски систем (проект менаџер и тим лидер).
  • 1984-1997 Реплек АД Скопје, Проект Менаџер , систем инженер, програмер
  • 1983 НБРМ - волонтирање во сектор за АОП

Други проекти

  • Градски Аптеки 2005
  • Жито Скопје 2004
  • Маклек Аптеки 2003
  • Ветфарм Трејд 2001-2004
  • Јака 80 Радовиш - фабрика за производство на лекови и козметика

Сертификати :

  • Oracle Project manager 1,2
  • Oracle Forms, Reports
  • Oracle DBA
  • Bank Security officer
  • Финансии за нефинансиски менаџери
  • Адиџес, менаџмент курсеви

Тренинзи:

  • Oracle developer (forms and reports)
  • IBM project management, тренинзи во Словенија
  • Над 30 тренинзи, поврзани со специфични делови на бизнис работењето во фармацевтски и финансиски

Донесени одлуки од Управниот одбор: