Контрола на квалитет

Ако бар кодот не може да се скенира, се зголемува бројот на грешки во податоците и временските доцнења во дистрибутивниот синџир. Верификацијата е значајна алатка за контрола на квалитетот, која обезбедува бар кодовите да бидат брзо и точно скенирани во било која точка од дистрибутивниот синџир.

Верификацијата ќе потврди дали бар кодот е во согласност со GS1 и ISO стандардите. Се добива извештај со резултатите од верификацискиот тест, идентификувајќи ги сите несогласувања - потенцијални грешки во генерираниот бар кодот

Бeнефити од верификацијата

Најголемите бенефити од употребата на верификацијата како постапка за оценување на квалитетот на бар код симболот се довербата и сигурноста кои се стекнуваат кога имаме потврда дека бар кодот во синџирот на набавка ќе се однесува онака како што се очекува од него, и тоа во сите стадиуми на движењето на производот низ дистрибутивниот синџир (од производствен погон или фарма па се до касата во супермаркетот), а тоа ќе резултира со „безгрижни” односи меѓу трговците и потрошувачите:

  • Се намалува ризикот од појава на ситуација во која што треба да се печатат нови бар кодови и/или сосема нова амбалажа со што непотребно се создаваат дополнителни трошоци како резултат на потрошената суровина за пакување и производство на продуктот,
  • Се стекнува доверба во печатениот бар код , истиот ќе биде прочитан од прв пат, секој пат
  • Се зголемува стапката на успешно читање на бар код симболите низ синџирот на снабдување и
  • Се постигнува побрзо и поефикасно движење на производите низ целиот синџир на снабдување.

Голем број големи добавувачи како и државни агенции ширум светот, бараат приложување на документација за верификација со цел да бидат сигурни дека податоците кои ги внесуваат се точни и прецизни. Доколку Вие ги исполнувате овие стандарди, тогаш бар код верификацијата е неопходна со цел да се потврдат овие стандарди и да се искористи како дополнителна потврда на вашиот бонитет, на професионалноста на вашата компанија.

Дополнителни бенефити може да има и производителот на бар кодовите, кој што може да ги искористи добиени информациите од тестирањето на бар кодовите што ги произведува и врз основ на нив да ја прилагоди опремата и процедурите за да се избегнат сите девијации од оптималниот квалитет. Воедно, добива потврда дека производите кои се бар кодирани, ќе бидат прифатени од страна на клиентите.

Дизајнерите на пакување може да ги користат повратните информации од верификацијата за да се осигурат дека големината, позицијата и бојата на симболот нема да го отежнуваат неговото скенирање на местото на продажба.

Примачот на бар кодираните производи, исто така има бенефити од верификацијата на бар кодовите, за да се процени веројатноста за проблеми при скенирањето во системите за контрола на инвентар и местото на продажба.