GS1 стандардите можат да го намалат времето на испорака за цели 74%
Транспортот и логистиката имаат значајна улога во ланецот на снабдување и денес
не постои ни една транспортна или логистичка фирма која може ефикасно да работи
без имплементирани информатички технологии и размена на електронски податоци. GS1
има изработено група на препознатливи стандарди кои се применуваат во секторите
транспорт и здравство. Решението опфаќа стандарди за бар кодирање и комуникација:
- Сериски код на контејнер (SSCC) за уникатно обележување на логистичките единици
ширум светот,
- Стандарди за размена на бизнис пораки XML и EANCOM формат,
- Aпликациски идентификатори (AI) посебно развиени за идентификација на логистички
единици и тоа AI (402) и AI (401) како и апликациски идентификатори кои се поврзани
со идентификација на локација.
Транспортните и фирмите кои се занимаваат со логистика се стекнуваат со конкурентска
предност со примената на GS1 стандардот во своето работење. Користа за фирмите е
во тоа што се зголемува нивната ефикасност, се зголемува прегледноста при следење
на испораката, поефикасно се користи инвентарот и основните средства за работа,
се зголемува безбедноста на дистрибуцијата и работата се завршува во пократок рок.
GS1 стандардите во транспортот и логистиката: