еИнфo
No11 - Март 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Семинари

Презентации


Работилници


Форум


Едукација

   Членка на GS1 Македонија, компанијата „Форма“ од Куманово, официјален застапник на глобалната компанија Videojet Technologies Илиноис САД, во соработка со GS1 Македонија на 20.02.2014 година своето 15 годишно присуство на македонскиот пазар го одбележа работно со презентација на тема:

„Иновативни технологии за индустриско маркирање и кодирање на производите, за подобра следливост во склад со GS1, ISO, HACCP и BRC стандардите“

   Пред повеќе од педесет бренд компании од Републикава свое обраќање имаше директорот на „Форма“ Куманово г-дин Игор Џартовски, кој даде краток осврт на развојот на компанијата. Пред присутните г-дин Џартовски ги презентираше производите на Videojet наменети за маркирање и кодирање на продукти. Даден беше мал историски вовед за појавата на потребата од маркирање и кодирање, за потоа да се премине на презентација на Инкџет решенијата на Videojet. Посебно беше нагласен моделот Videojet 1710, пигментен принтер за мастило во боја со висок контраст и потенцирана можност од неговата мобилност, едноставност и големиот број на понудени интерфејси за приклучок. Сите инкџет печатачи на оваа компанија користат систем на Smart Cartridges. Беше презентирано и термал-трансфер принтање со помош на термална глава и рибон за флексибилни пакувања, кои се доста економични и најдобро се вклопуваат во фармацевтската индустрија поради брзината и високата резолуција. Овие печатачи, печатат директно врз производот, не на етикета.

   Г-ѓа Gabriela Villanyi-Kaufmann претставник на Videojet пред присутните ја претстави компанијата и зборуваше за развојните технологии во принтањето на кои работат. Таа го презентираше и Code Assurance - софтверско решение за минимизирање на грешките, зголемување на продуктивноста и редуцирање на губитоците при обележувањето на производите.

   Пред присутните Г-дин Nathan Matthews од Videojet Technologies го презентираше Laser Marking – маркирањето со помош на ласерски технологии (CO2, Fiber, Nd:Yag). Оваа група на принтери се карактеризираат со долг рок на употреба, заштедуваат пари, бидејќи не користат боја или хартија и за нивното функционирање потребно е само напојување.

   Новите принтери кои се користат на производните линии за маркирање и кодирање, како и новите технологии за печатење на баркодови и на цели логистички етикети имаат важна улога при означување на производите. Добро отпечатен баркод лесно се чита на каса. Ова е една од причините што GS1 Mакедонија застана зад својата членка Форма од Куманово и го поддржа настанот.

   Со оглед дека на настанот учествуваа македонски бренд компании, извозно ориентирани, беше одлична можност истите да се запознаат и со новата услуга верификација на баркодовите што GS1 Македонија им ја нуди на своите членки. Пред присутните самостојниот советник Билјана Рембоска подетално ја објасни верификацијата како постапка, потенцирајќи дека најголемиот бенефит од употребата на верификацијата е довербата и сигурноста што се добива дека бар кодот ги има сите задоволителни перформанси во сите стадиуми на движење на производот низ дистрибутивниот синџир. Верификуван бар код брзо се чита и со себе ја носи точната информација. Со тоа се јакнат и градат партнерските односи производител – трговец, како и трговец – краен потрошувач. Македонските компании последниве години многу вложија во нови технологии и во водување на стандарди што резултираше со зголемување на извозот. За да тој тренд се задржи, освен континуиран квалитет, потребно е и кодирањето на производот да биде правилно. Со верификацијата само ќе се добие на сигурност дека бар кодот што го носи производот ќе биде брзо и лесно отчитан низ дистрибутивниот синџир, а самата постапка на верификација како услуга може да ја спроведат во GS1 Македонија.