еИнфo
No5 - Септември 2013

 


Содржина

GS1 DataBar - “Р”еволуција на наплатните

 

Зошто GS1 Data Bar?

 

Фамилија на GS1 DataBar бар кодови

 

Најчесто употребувани апликациони идентифи-катори

 

GS1 DataBar преку бројки

GS1 DataBar - “Р”еволуција на наплатните места 
GS1 DataBar (претходно познат како RSS – Reduced Space Symbology/Просторно редуцирана симбологија) е новиот бар код наменет на малопродажните места, кој што се придружи кон GS1 семејството на бар кодови како би се постигнало подобро обележување на производите.
GS1 DataBar овозможува идентификација на малите потрошувачки производи кои тешко можат да се обележат, како што се на пример, свежа храна, накит, “направи сам” производите и може да содржи и дополнителни информации како што се тежина, рок на употреба, лот бројот - бројот на партијата.
Покрај тоа што GS1 DataBar-от го зголемува процентот на производи кои можат автомат- ски да се идентификуваат на малопро- дажните места, создава и нови можности за решавање на деловните проблеми како што се автентичноста на производите, следливоста, квалитетот и успешноста на производите, идентификацијата на производите со променливи мерки и работењето со купони.
Управниот одбор и Генералното собрание на Меѓународната GS1 организација ја одредија 2014 година како рок до кога се очекува малопродажните наплатни места да бидат подготвени за примена на GS1 DataBar-от. Овој бар код овозможува да се обележат малите производи со поголем број на податоци отколку основна идентификација на производите со ЕАН-13. Врз основа на овие карактеристики, GS1 DataBar-от нуди нови можности за управување со свежите производи преку користење на алатки за идентификација кои се применуваат за производи за дневна потрошувачка уште од седумдесетите години на минатиот век. Бидејќи во моментов постојат 40-тина различни пристапи кон идентификацијата на свежите производи, не е доволно само усвојувањето на оваа технологија, па по налог на Управниот одбор на GS1 се организираше и Работна група со задача да проучи како да се користи новиот бар код и дополнителните податоци кои тој може да ги содржи. Работната група изготви прирачник со упатства кој е достапен за сите заинтересирани.

●●●
Деловната причина за примена на GS1 е јасна: повеќе податоци на помалку место
●●●