Работна посета на „Макпрогрес“ ДОО - Виница

На барање и покана од компанијата Макпрогрес ДОО Виница, на 23.07.2013 тимот на GS1 Македонија оствари работна посета на еден од најголемите бренд компании од кондиторската индустрија во Република Македонија. Целта на посетата беше желбата и потребата на компанијата да на едно повисоко ниво на користење ги имплементира GS1 стандардите, односно да воведе правилно означување по GS1 стандарди во хиерархија на пакување.

 

Макпрогрес ДОО Виница е формирана во 1990 година како компанија која работи трговија на големо со прехранбени производи. Во 1997 стартува со сопствено производство и пакување на земјоделски производи, а веќе во 1998 година го лансираат брендот Сончева долина, кој и ден денес е познат и препознатлив низ дистрибутивниот синџир. Во наредните години Макпрогрес ДОО својата дејност ја шири и инвестира во опрема за кондиторски производи.


Брендови на Макпрогрес ДОО

Успехот на компанијата е резултат на постојано унапредување на производството и рецептурите, примена на најсовремена техника и технологија и имплементација на меѓународни стандарди. Макпрогрес ДОО е прва компанија во Република Македонија која го има имплементирано НАССР системот за квалитет. На 20.02.2004 станува членка на GS1 Македонија и со означувањето на секој свој производ со бар код, започна со имплементацијата на GS1 стандардите во своето работење. Макпрогрес ДОО со имплементација на светски стандарди не застанува тука. Во 2006 година го имплементираше системот за менаџмент со квалитетот ISO 9001:2008, а во 2013 година е една од првите компании во Република Македонија која го имплементираше HALAL системот за квалитет.

       

Макпрогрес ДОО строго држејќи се до сопствената мисија и визија, со голема одговорност и посветеност на 300-те вработени го гради квалитетот на производите повеќе од две децении. Неслучајно Макпрогрес ДОО Виница е една од нашите најуспешни компании, извозно ориенирана. Сите претходно споменати имплементирани стандарди со кои се гарантира добриот квалитет на производите ја направија компанијата во областа на кондиторијата да биде лидер во сопствената држава, регионот и пошироко. Поточно, со своите производи Макпрогрес е присутен во преку 40 држави во светот, односно на Балканот, низ цела Европа, во десет држави од Блискиот Исток, во Африка, Австралија, САД и Канада. Како компанија се секогаш спремни за имплементирање на стандарди. бидејќи се свесни дека во стандардизазијата е клучот на успехот.

Денес на европскиот и светскиот пазар означувањето на производите во цела хиерархија на пакување од единичен производ, од транспортна кутија до палета по GS1 стандард станува неминовност. Желбата на Макпрогрес ДОО за освојување на нови пазари од една страна и потребата од следење и прифаќање на правилата кои владеат низ дистрибутивниот синџир на европските и светски пазари од друга, е причина да компанијата во наредниов период посвети поголемо внимание на имплементацијата на GS1 стандардите на едно повисоко ниво во своето работење. Знаејќи ги бенефитите од употребата на GS1 системот, Макпрогрес ДОО е спремен да го имплементира на едно повисоко ниво во комплетна хиерархија на пакување што беше и причина за свикување на работната средба од нивна страна.

Тимот на GS1 Македонија имајќи во предвид дека Макпрогрес ДОО има одличен интегриран информационен систем, предложи да истиот се догради со автоматско генерирање на GS1-128 бар кодот и на GS1 логистичката етикета. Од страна на Макпрогрес ДОО на состанокот учествуваа претставници од ИТ секторот и од секторот за маркетинг. Во моментов одделот за маркетинг работи на ребрендирање на брендот Винчини и дадените инструкции околу генерирањето и поставувањето на ЕАН-13 баркодовите ќе им биде од корист. Исто така од страна на тимот на GS1 им беа комплетно објаснети структурите на GS1-128, SSCC-то и објаснето како се формира логистичка етикета. Од ИТ секторот на Макпрогрес ДОО информира дека планираат да постават и софтвер за магацинско работење, така што би било најдобро во исто време да се работи и на автоматското означување на хиерархијата на пакување, со што би добиле на квалитет на самото работење и уште поголема следливост на производите. Со цел да подобро го осознаат GS1 означувањето, извршивме практична презентација на нашиот софтвер за генерирање на GS1 логистичка етикета и GS1-128 бар кодот. Со стекнатите практични знаења, стручните лица од фирмата стекнаа подобра слика што треба во иднина да направат, за да се воведе нивно автоматско генерирање во постоечкиот информационен систем на компанијата.


На средбата од страна на тимот на GS1 Македонија присутните беа информирани и за новата услуга за верификација на баркодовите, која беше многу позитивно прифатена, бидејќи во иднина нема да мора да ја прават надвор од државата. Бидејќи се извозно ориентирана фирма, со воведување на кодификација на сите нивоа по GS1 стандарди, ќе се подобри работењето и ќе станат уште поконкурентни на пазарот, а со верификацијата само уште еднаш ќе потврдат дека станува збор за бренд компанија која може да биде рамноправен партнер со конкуренцијата на светските пазари.



Корисни линкови