Настани на GS1 Македонија

Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација

Хотел Александар Палас (Конгрес сала 2) 28/11/2019 10:00

Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Третиот отворен ден на GS1 Македонија 2019, на тема:
„Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација “, кој ќе се одржи на 28-ми ноември 2019 (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотел Александар Палас (Конгрес сала 2)
GS1 Македонија по трет пат организира отворен ден за бизнис зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката. Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании. GS1 Македонија обезбедува за сите присутни БЕСПЛАТНА брошура “GS1 стандарди за менаџмент во транспорт и логистика“.
Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот, но и на самите пазари.
Нашите компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Републиката така и надвор од нашите граници.

Најавете се online тука .