еИнфo
No3 - Јуни 2013

 


Содржина

Повеќе од 30 лидери од Здравството ги прифатија GS1 стандардите

 

Новости за прифаќање на GS1 стандардите од страна на владите и регулаторните тела во здравствениот сектор во Европа и САД


GS1 Здравство низ бројки

 

 

Повеќе од 30 лидери од Здравството ги прифатија GS1 стандардите 

      GS1 Системот на Стандарди за Здравство ја освои поддршката на повеќе од 30 водечки болнички центри, производители на фармацевтски производи и медицински помагала и консултативни здруженија на учесници во синџирот на снабдување во здравството од целиот свет.

     Претставниците на учесниците во синџирот на снабдување во здравството изразија силна поддршка во потпишаниот Меморандум за поддршка со кој се одобрува донесувањето на GS1 како глобален стандард кој најмногу одговара за нивната индустрија. Потпишувањето на овој документ следуваше откако компанијата за глобален стратешки консалтинг McKinsey & Company го објави својот извештај за здравството: "Strength in unity: The promise of global standards in Healthcare (Силата на единството: Ветување на глобалните стандарди во Здравството)". Во извештајот се наведува дека "значително се зголемува безбедноста на пациентите и се овозможуваат бенефити и намалување на трошоците преку имплементација и користење на еден единствен глобален стандард во Здравството". Учесниците во синџирот на снабдување во Здравството кои го дадоа својот глас тој стандард да биде GS1, претставуваат големи производители, дистрибутери и болници во целиот свет, вклучувајќи ги САД, Канада, Европа, Австралија и Јапонија.

    Меѓу компаниите потписнички на Меморандумот за поддршка се вбројуваат и некои од најпрепознатливите и најпочитуваните компании во здравството на глобално ниво: 3M, Abbott, Apotex, Axway, Baxter, Bayer, BD, B.Braun, Boehringer Ingelheim, Canadian Generic Pharmaceutical Association, Cardinal Health, CH2, Covidien, Fedefarma, Fresenius Kabi, Johnson & Johnson, McKesson, Mölnlycke, Novation, Pfizer, Premier, RX360 и Sanofi Pasteur. Болници и консултативни здруженија на учесници во синџирот на снабдување во здравството кои исто така ги прифатија GS1 Стандардите за Здравство и го потпишаа Меморандумот за поддршка се: од САД, Novation и Premier; од Ирска, болницата St. James; Одделот за здравство на Велика Британија за сите NHS болници ; од Шпанија, Logaritme, од Франција; Болничкиот Центар Robert Ballanger, Болничкиот Центар во Бриве, Болничкиот Центар Rene Dubois, болницата Sud Francilien, Универзитетската болница во Стразбур, Универзитетската Болница во Дижон, Болничкиот Центар во Куломиер и во Јапонија, NTT Медицинскиот Центар во Токио.

  “GS1 Стандардите за Здравство најголем развој и примена имаат последниве неколку години. Сите учесници во процесите во Здравството во целиот свет ги прифатија и напредуваат со нивната имплементација”. “GS1 Стандардите овозможуваат правилно раководење со процесите и ја подобруваат видливоста – од производителите до пациентите”

Изјавија лидерите од Здравството по потпишувањето на Меморандумот за поддршка


  "Глобалното усвојување на GS1 Стандардите ќе биде од голема корист за пациентите и сите претставници во индустријата во целиот свет"

Орландо Серани, потпретседател на Global Business Services, Johnson & Johnson Health Care Systems Inc.


  “GS1 го поздравува усвојувањето на GS1 системот на стандарди за здравство од страна на толку многу водечки чинители во глобалната здравствена индустрија. Сите членови на тимот на GS1 Здравство напорно работеа за да се осигура дека GS1 стандардите во Здравството ќе ја зголемат безбедноста на пациентите, ќе ја оптимизираат ефикасноста во синџирот на снабдување и ќе ги намалат трошоците за сите партнери во синџирот на снабдување. Ги покануваме сите учесници во синџирот на снабдување во Здравството кои сèуште не го користат GS1 системот да се осврнат на бенефитите кои ги овозможува единствениот GS1 глобален стандард за Здравството и да го имплементираат GS1 системот во нивното работење."

Мигел Лопера GS1 извршниот директор од Глобалната Канцеларија на GS1 во Брисел

      Здравствените системи во целиот свет се соочуваат со предизвици кои влијаат на целиот синџир на снабдување, од производителите до веледрогериите, дистрибутерите, консултативните здруженија на учесници во синџирот на снабдување во здравството и давателите на здравствените услуги. Овие предизвици се однесуваат на пример на фалсификувањето, неефикасното повлекување на производи од употреба и од пазарот и грешките со лекови, и тие влијаат на целиот синџирот на снабдување во здравството. Искоренувањето на овие проблеми е главен приоритет на политиката на трговските партнери во Здравството. Спроведување на глобалните стандарди во целиот синџир на снабдување во здравството би можело да спаси 22,000-43,000 животи и да спречи 0,7-1.400.000 поголеми нарушувања на здравствената состојба на пациенти, според извештајот McKinsey насловен "Силата на единството: Ветување на глобалните стандарди во здравството".

      Извештајот се базира врз интервјуа со 80 силни лидери во здравствената индустрија. Извештајот исто така укажува дека примената на еден единствен систем на стандарди ќе овозможи огромини бенефити:

• ќе овозможи заштеда на десетици милијарди долари во фалсификувани лекови надвор од легитимниот синџирот на снабдување.

• ќе овозможи значителни безбедносни придобивките со кои би се намалиле трошоците за здравствена заштита за $ 40-100 милијарди

• чини значително помалку од два или повеќе различни системи.

     Прописите, исто така, продолжуваат да се развиваат и ќе имаат директно влијание врз синџирот на снабдување во Здравството, а поради тоа се бара од сите учесници во синџирот на снабдување да имплементираат технологии за автоматска идентификација (AIDC), за да се обезбеди следливост на здравствени те производи. Студиите сугерираат дека баркодирањето и скенирањето покрај креветите на пациентите можат да ги намалат грешките со лекови и до 40%.

(Известување за јавноста - Брисел, Белгија, 17 април 2013)