Посета на глобалниот форум на GS1 со наслов „Моќта на GS1 да го трансформира начинот на кој живееме и работиме“

sometext

На Форумот присуствуваа над 670 делегати од 93 национални GS1 организации како и 54 претставници на корисниците на GS1 системот, менаџери на светски брендови и дистрибутивни синџири и претставници на софтверски куќи директно вклучени во имплементацијата на GS1 системот .

Концепциски работата на форумот беше организирана преку претпладневни и попладневни комбинирани паралелни тренинзи како и пленарни сисии кои беа следени од сите учесници. Во однос на самата содржина на форумот може да се каже дека таа беше поделена на три дела:

  1. Извештаи за постигнатите резултати на глобално ниво во текот на 2014 година;
  2. Планирани програмски активности за 2015 година;
  3. Дигитализацијата и иновациите основа за иден развој на GS1 заедницата во иднина.

Во работата на Форумот активно учествуваа и претставниците на GS1 Македонија, Билјана Рембоска, Срѓан Милутиновиќ и м-р. Александар Кедијоски.

 

Обраќање на г-дин Мигуел Лопера CEO на GS1 Global Office

Форумот го отвори г-дин Мигуел Лопера директорот на GS1 GO. Најнапред изрази големо задовоство за бројор на учесници пријавени во неговата работа и го прогласи за најпосетен форум во изминативе 40 години. Неговото обраќање имаше за цел да ги информира присутните за идните активности на GS1. Од негова страна беа потенцирани три битни елементи или насоки до кои треба да се држат и ги насочат своите идни активности сите национални GS1 организации и тоа на:

  1. Ребрендирање,неговата важност и замоли сите GS1 национални организации да пристапат кон изготвување на новата веб стран - GS1 Македонија активно работи
  2. Податочен квалитет, помасовно полнење на сите каталози но со точни квалитетни податоци - GS1 Македонија разви свој сопствен GS1 каталог во кој што се грижи за квалитетот на податоците
  3. Омни канал како нов проект од 2015 на GS1 GO, при што упати повика до сите со свои идеи и предлози активно да се вклучат
sometext

Пленарен ден

Акцент на овој форум беше ставен на новите технологии со кои се почесто се сретнуваме насекаде околу нас, како Интернет на нешта, Омни канал на трговија, Податочен квалитет и новите технологии за означување на продукти.

sometext

Пленарен ден

Интернетот на нешта е реалност. Различните електронски уреди започнуваат да „зборуваат“ меѓу себе. Размената на податоците е во дигитален формат. За да се обезбеди квалитетна комуникација потребни се квалитетни изворни податоци. Овие податоци за продуктите стигнуваат до крајниот потрошувач преку различни канали и медиуми паралелно до таргетната група на потрошувачи. Можноста за да истите се купат е овозможена во секој момент кога тоа би го посакале и преку било кој медиум за комуникација. Овој вид на продажба е познат и како Омни канал на трговија.

GS1 Македонија иако има ограничени ресурси и човечки потенцијал, целосно е во тек со сите новитети од GS1 и воопшто не заостанува зад другите GS1 организации.

Корисни линкови