Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
GS1 EDI стандардите поддржуваат различни бизнис процеси во синџирот на снабдување: од правење нарачka, преку испорака, до плаќање. За секој од овие процеси потребна е различна група на пораки.
Затоа, пред да започнете со имплементацијата на GS1 EDI стандардите, потребно е да одговорите на следниве прашања:
GS1 EDI стандардите овозможуваат решенија за различни области преку користење на GS1 EDI пораките. Ова се постигнува со користење на шеми кои се применуваат врз општите GS1 EDI пораки, на пример во прехранбената индустрија, индустријата за забава, кај канцелариското снабдување или текстилната индустрија. Затоа, треба да се земат в предвид специфичностите на одредени области при спроведувањето на анализа на бизнис процесот.
Во некои земји, кориснички групи креираат шеми на пораки кои се потпираат на регионалнате практики во спроведувањето na GS1 EDI во одредени области и бизнис процеси. (видeте: Чекор 7).
[На почеток]
Ова е од суштинско значење за спроведување на успешна подготовка, бидејќи тоа е од суштинско значење менаџментот да ги обезбеди потребните човечки и финансиски ресурси.
Менџментот треба да ги разбере основните принципи и придобивки од примената на GS1 EDI стандардите. Треба да бидат свесни дека со примената на GS1 EDI стандардите можат да се подобрат услугите кон партнерите кои ќе бидат позадоволни, но и ефикасноста во синџирот на снабдување, намалување на трошоците и оптимизирање на средствата.
Стапете во контакт со вашата национална GS1 организација. Повеќето од националните GS1 организации имаат експерти за одредени технички области, а исто така и за GS1 EDI.
Во врска со GS1 EDI можете да побарате помош при примената на стандардите в овашата нацонална GS1 организација. Доколку нејзините експерти не се во можност да Ви помогнат директно, тие имаат пристап до глобалната мрежа на експерти од другите национални GS1 организации и компании корисници на GS1 EDI. Меѓународната GS1 има повеќе од 108 национални организации-членки и услужува повеќе од еден милион компании во повеќе од 150 земји.
Компаниите кои се наоѓаат во земјите каде непостои национална GS1 организација можат директно да контактираат со GS1 Global Office.
GS1 идентификационите клучеви се користат во сите GS1 стандарди, во физичкиот тек на робата, на пример, кодирани со бар кодови и во текот на информациите односно деловните податоци. Без нив, невозможно е да се користи GS1 EDI.
GS1 идентификационите клучеви се користат преку употреба на GS1 компаниски префикс кој може да се добие од страна на GS1 националната организација во вашата земја.
GS1 идентификационите клучеви кои се креираат со употреба на GS1 компанискиот префикс се:
Ако не сте сигурни дали вашата компанија е членка на GS1 и дали веќе имате компаниски префикс, Ве молиме контактирајте ја вашата национална GS1 организација за да ги дознаете потребните информации.
GS1 нуди различни едукативни материјали во врска со GS1 EDI стандардите. Повеќето од нив, вклучувајќи ги и on-line курсевите за обука, достапни Ви се преку вашата национална GS1 организација кои, исто така, организира и класична обука на локалниот јазик.
GS1 нуди две групи на GS1 EDI стандардите:
На новите корисници на GS1 EDI, GS1 им препорачува користење на GS1 XML, но ако вашиот партнер е веќе корисник на GS1 EANCOM®, може да биде побарано од вас да го следите нивниот избор.
GS1 EANCOM® има огромна база на клиенти од целиот свет кои треба да бидат земени во предвид при изборот на групата GS1 EDI стандардите. Треба да се има на ум дека нема да го GS1 поддржува GS1 EANCOM® многу долго во иднина.
Бројни GS1 национални организации соработуваат со своите компании членки во процесот на создадавање на шеми на GS1 EDI стандардните пораки за одредени области во нивните земји, a primer za toa е областа "направи сам" во Холандија.
Шемите се подгрупа на пораки во целост компатибилни со "главниот" стандард. Тие се усвоени за потребите на корисничките групи, на пример, се избираат само одредени опции на компоненти на пораката. Документација од овие шеми често содржи препораки за примена во конкретни области или групи на корисници и се повикува на Упатставата за примена на пораките.
Корисничките групи можат да создадат шеми на меѓународно ниво за секоја област, на пример, “Upstream”, група за развој на GS1 стандардите за интеграција во синџирот на снабдување меѓу производителите и нивните добавувачи на суровини.
Исто така постои и упатство за примена на општите GS1 EDI (EDI) пораките.Најдобар начин да се провери кој тип на документација веќе постои за вашата област / држава / избрани технологии, е да ja контактирате вашата национална GS1 организација Членка.
GS1 EDI стандардите се развиени врз основа на реални барања на корисниците и анализите направени од страна на компаниите корисници, така што тие ги покриваат сите или повеќето информации кои се разменуваат меѓу партнерите. Ако постојат некои разлики меѓу барањата на корисниците и податоците кои се опфатени со одредена порака, треба да се смени стандардот.
Важно е да се нагласи дека бизнис термините кои се користат во вашата компанија и GS1 можат да бидат различни, но од семантички аспект, содржината на елементи на податоците е идентична. Поради тоа, треба да се направи споредба помеѓу дефинициите на податоците, а не само меѓу бизнис термините.
Definiciite na podatocite можat да се најдат во Глобалниот речник на податоци (Global Data Dictionary - GDD).
Ако идентификувате разлики меѓу податоците кои Ви се потребни и тие кои се опфатени со GS1 EDI (EDI) пораките, треба да поднесете барање за измена (Change Request - CR) до GS1, дел од услугата која се вика Глобални стандарди за управување со процесите (Global Standards Management Process - GSMP), за промена на пораката или барање за креирање на нова порака. Барањето за промена може да се направи и директно на страницата GSMP, но Ви препорачуваме да се обратите до вашата национална GS1 организација за помоќ при составувањењето и испраќањето на барањето за промена.
Ако промените треба да се применуваат на локално ниво, барањето за промена треба да се поднесе до националната GS1 организација која ќе го процесира ова барање.
Усогласувањето на основните податоци е неопходен чекор во примената на EDI, бидејќи основните податоци не се повторуваат во трансакциските пораки. На нив, едноставно упатуваат стандардните идентификациони клучеви. На пример, името и адресата на купувачот или продавачот не се наведени во документот испратница, но на нив упатуваат глобалните локациски броеви (GLN).
Овој пристап овозможува да се отстрани вишокот на податоци од трансакциска пораки, со што се обезбедува ефикасен проток на информации и значителни заштеди, како и интеграцијата на електронски пренос на податоци со физичкиот проток на стоки.
GS1 нуди стандарди за размена на основните информации. Постојат три основни начини за размена на основни информации:
Пред да почнете размена на GS1 EDI пораки, треба да направите некои технички подготовки:
Откако ќе се постигне договор меѓу партнерите потребно е да се тестира вашата инфраструктура. Треба да се тестира и содржината на пораките и комуникацијата. Многу национални организации GS1 нудат различни услуги во врска со GS1 EDI апликацијата, на пример, тест пораки, сертификација, GS1 EDI инфраструктура за пренос на мал број на пораки, итн. Запознавањето со овие услуги ќе Ви помогне во имплементацијата.
Кога резултатите од сите тестови позитивни, подготвени сте да започнете со размена на пораки и да уживате во бенфитите овозможени од примената на GS1 EDI.