Како работи GPC

GS1 Глобалната класификација на продукти (GPC) е стандард кој им помага глобално на трговските партнери во групирањето на продуктите на ист начин и тоа секаде во светот. Глобалниот заедничко разбирлив деловен јазик е јасен и инстантно разбирлив.

Градбен блок на GPC е кодот на продуктот познат како група. Постојат групи за се од кола до шише со млеко. Највисокото ниво во класификацијата е сегмент, кој е дефиниран како соодветна индустрија. На пример, шише млеко припаѓа на сегментот храна, пијалаци и тутун.

GPC Brick

Најниското ниво на овој систем на класификација се вика атрибут на групата кој е дефиниран како детаљ на практичниот продукт. На пример, Вие можете да дефинирате дали млекото содржи млеко од животни (крава, овца, итн.) или млеко од не животинско потекло (соја, ориз, итн.).

GPC Brick

 

Бенефити

  • Им овозможува на продавачот и купецот заеднички разбирлив јазик за нивните производи - во рамките на една земја или регион како и низ целиот свет
  • Ја зголемува точноста на податоците и нивниот интегритет
  • Ја зголемува брзината на движење низ синџирот на снабдување во согласност со барањата на потрошувачите
  • Го поедноставува известувањето низ различните продуктни категории

Имате дополнителни прашања?

Ние можеме да Ви помогнеме во GS1 GPC класификацијата на Вашите продукти