Настани на GS1 Македонија

Навигација во иднината: Синџир на снабдување, дигитализација и однесување на потрошувачите" поддржан од EБОР (Европска Банка за обнова и развој)

ул. Даме Груев бр. 5 (просториите на GS1 Македонија) 05/09/2024 10:00

Почитувани,
Ни претставува голема чест и задоволство да Ве поканиме на 5 септември 2024 година (четврток), со почеток во 10:00 часот во времетраење од 4 часа, да присуствувате на семинар/ интерактивната работилница/обука на тема: „Навигација во иднината: Синџир на снабдување, дигитализација и однесување на потрошувачите" поддржан од EБОР (Европска Банка за обнова и развој), во организација на GS1 Македонија и Инсајдер ИД. Настанот ќе се одржи во просториите на GS1 Македонија, на ул. Даме Груев бр. 5, Скопје.

Дневен ред:
1. Отворање на работилницата
2. Генерални индикатори на пазарот за широка потрошувачка
3. Однесување на потрошувачи и нивното влијание врз бизнис моделот
4. Брендирање и лојалност на потрошувачи
5. Дигитализација
6. Дигитален пасош за производите
7. Одлуки заосновани на податоци
8. Дискусија и препораки

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 03.09.2024 (вторник), поради ограничените просторни услови.

Најавете се online тука .