Учество на GS1 Македонија на SUBEX – Suppliers Balkan Expo

Со поддршка на Стопанската комора на Северна Македонија, а во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК), во периодот 15-16 ноември 2022 година се организира Саемот Suppliers Balkan Expo – SUBEX, кој ќе се одржи во Хотел „Хилтон“ – Скопје.

 

SUBEX е дводневен настан за фирми од лесната индустрија (металопреработувачката индустрија – пластика, дрво, храна и пијалаци – и од текстилната индустрија), како и од секторот ИКТ во областа на индустријата.

 

Тимот на GS1 Македонија ја поддржа иницијативата и имаше свои претставници на штандот за информирање и развивање на B2B соработка со нови членки.

 

Конференцијата, панел дискусиите, B2B средбите и саемот беа одлична можност за да се прикаже потенцијалот на регионот и да се даде поддршка на домашните стопанственици од металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија.

Корисни линкови