еИнфo
No10 - Февруари 2014


Превземи PDF 

Содржина

Поддршка за усвојувањето на GS1 Стандардите


HL7 го поддржува GS1


GS1-Користењето на SMS за автентификација на лековите мора да биде според глобални стандарди


GS1 Здравство добитници на Way-Paver наградата


Новости од светот

 GS1 Здравство смета дека користењето на SMS за автентификација на лековите мора да биде според глобални стандарди


Примерок на број на производ поврзан со податоци од база

   Во последните 20 години со значителниот развој на мобилните уреди се овозможи развој на голем број апликациции кои се користат за автентификација на бар кодовите. Една од ваквите употреби е користењето на SMS решенија за верификација на информациите кои се наоѓаат на фармацевтските производи со податоците кои се содржани во база на податоци.

   Најчесто производителот поставува број на пакувањето на производот, кој што пациентот/купувачот може да го испрати преку SMS и да добие повратна SMS порака која потврдува дали производот на кој што е нанесен тој број е верификуван или не.

    Користењето на SMS решенија во здравствениот сектори и нивните потенцијални бенефити, според GS1 Здравство, би можеле да бидат корисни во блиска иднина. Голем број софтверски компании развиваат сопствени системи, кои користат SMS автентификација и кои се прифатени од одреден број производители и трговци на големо, особено во земјите со низок или среден годишен приход.

    Ваквите земји најчесто се изворот или крајниот потрошувач на фалсификувани лекови. Поради тоа намалувањето и детекцијата на фалсификуваните лекови мора да биде клучен приоритет при развојот и употребата на мобилните автентификациони решенија.

   Иако овие решенија се добри за специфични лекови во специфични земји, сепак ваквите мобилни решенија не се скалабилни на пошироко регионално или глобално ниво и не ги следат глобал- ните стандарди. GS1 Здравство ги прифаќа софтверските решенија базирани на SMS автентификација како една од неколкуте можни технологии кои ќе можат да ја зголемат веројатноста пациентот да го добие вистинскиот лек. Сепак, предупредува дека поради фактот што имаме ограничено прифаќање на SMS решенијата до денес во здравствениот сектор, јачината и робустноста на овие решенија сеуште не може да се демонстрира преку реални примери.

   Дополнително, во пракса производителите најчесто немаат доволно технички предзнаења за начинот на кој што се користат овие апликации или кои се кодовите за различни типови на примарни и секундарни пакувања.

   Поради тоа, беше заклучено дека не би било во интерес на пациентите доколку било кој регулатор или владино тело го прифати користењето на SMS технологијата за верификациони потреби доколку за нејзиното користење не постојат строги регулациони правила.