Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
GS1 Mакедонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија продолжува со успешната реализиција на предвидениот серијал заеднички едукативни работилници низ поголемите градови од Републикава на тема "Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди".
На 19.05.2016 во хотел "САЛИДА" Прилеп, пред 41 компанија со над 50 учесника од Прилеп, Кавадарци и Неготино, тимот на GS1 Mакедонија го промовираше новиот лик на GS1 Каталогот, комплетно усогласен со новите правила поврзани со информациите за храната и ЕУ регулативата 1169/2011, а одговорните лице од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија имаа свое стручно толкување на Правилникот за информации поврзано со храната, кој стапи во сила на 13.05.2016 година и кон кој во означувањето мора да се придржуваат операторите за храна.
Пред присутните свое поздравно обраќање имаше Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Mакедонија. Таа ја потенцира основната цел на работилницата, а тоа е да се објасни ефикасноста на GS1 Каталогот како бизнис алатка за промоција на македонските производи и основ за зголемување на нивната конкурентност од една страна, а од друга да се потенцира и важноста на новиот Правилник за информации поврзано со храната и ЕУ регулативата 1169/2011. За важноста на GS1 Каталогот кој е комплетно усогласен со новиот Правилник за информации поврзано со храната и ЕУ регулативата 1169/2011, како и за начинот на неговото користење детално објаснување даде м-р Александар Кедијоски, стручен соработник во GS1 Mакедонија. Во моментов во каталогот се внесени 487 производи од фирмите од овој регион, што претставува 9% од вкупно внесените производи во GS1 Каталогот чија моментална бројка изнесува 5.400 внесени македонски производи.
Во вториот дел на работилницата стручно толкување на новиот Правилник за информации поврзано со храната, изготвен согласно ЕУ регулативата 1169/2011, имаше Светлана Колариќ, државен советник за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Во своето излагање, низ практични примери, таа посочи дека новиот правилник треба да биде основа при означувањето, но секогаш треба да се земаат во обзир и посебните правилници за означување на производите од одредена индустрија. За дополнителните задолжителни информации за храната, свое излагање имаше Зоран Антовски, помлад соработник во Сектор за инспекција при Агенцијата.
Самата работилница беше интерактивна што е одлична можност да компаниите можат директно да поставуваат прашања и разрешат одредени дилеми при толкување на регулативата од една страна, но и да постават прашања околу внесувањето на матичните податоци за своите производи во самиот каталог.
На крај на работилницата и од страна на GS1 Mакедонија и на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија беше упатен апел до фирмите за помасовно подржување и вклучување во проектот GS1 Каталогот со цел "Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди".
Настани
Новости