Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
На 2 јуни 2015 година во организација на GS1 Македонија се одржа за прв пат семинар за GS1 EPC/RFID иновативната технологија во здравството. Присуствуваа повеќе од 60 претставници од 40 различни фармацевтски и здравствени установи. На настанот гости беа софтверската компанија 6PM, со седиште во Малта која работи на имплементација на RFID технологијата во NHS - National Helthcare Servicis UK.
Семинарот го отвори Извршниот директор на GS1 Македонија г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ.
Потоа кратко претставување на компанијата имаше г-дин Љупчо Георгиев , 6РМ Regional Sales Menager.
Потоа г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ ги информираше гостите за новитетите од здравствениот сектор за означување на медицинските средства преку UDI стандардот кој што е задолжителен во САД, а моментално се работи и на негово прилагодување и примена во земјите на Европската унија (Recommendations 2013/172/ЕU). Информативни податоци беа изнесени и за иновативната RFID технологија која зема се поголем замав во САД и Европа.
Во име на GS1 Македонија детална презентација за EPC/RFID стандардот и неговата примена во здравството одржа м-р Александар Кедијоски, стручен соработник во GS1 Македонија. Презентирани беа можностите кои ги нуди оваа технологија, потоа нејзините технички карактеристики, бенефитите и примените кои ги имам моментално во здравствениот сектор.
На крај на семинарот презентација одржа г-дин Бојан Динев, Senior Software Developer at 6PM Holdings PLC, кој во реално време го демонстрираше iFit системот кој 6PM го имплементира со користење на EPC/RFID технологијата во NHS UK.
Во завршните зборови г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ нагласи дека EPC/RFID иновативната технологија на GS1 е реалност, таа нуди бенефити, заштеди и спасува животи, дали ќе ја имплементирате сега и ќе ги користите сите нејзини бенефити или ќе чекате за нејзина имплементација и ќе изгубите драгоцено време, не користејќи ги нејзините придобивки зависи од Вас.
Видео материјали - RFID конференција
Настани
Новости