Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Идентификацијата, прибирањето и споделувањето на информациите за движењето на производите и дигитализацијата на секојдневните бизнис процеси не само што ја подобрува интероперабилноста меѓу трговските партнери, туку креира и високо ефикасна, одржлива и колаборативна логистичка средина.
GS1 работи на постигнување на целосно точна видливост во реално време во дистрибутивниот синџир од изворот до потрошувачот, без разлика на начинот на транспорт.
Електронската трговија предизвикува низ на промени во поглед на начинот на кој компаниите комуницираат со потрошувачите и деловните клиенти. За да се исполнат се поголемите очекувања на денешните трендови, компаниите ги трансформираат сите аспекти на своето работење. Оваа трансформација особено ги опфаќа процесите кои се одвиваат во секторот транспорт и логистика, а се засегнати од зголемениот број на пратки, нивната намалена големина и зголемувањето на изборот на опции за достава. Големите компании за електронска трговија и голем број на старт-aп компании ги идентификуваа сервисите за достава до последниот километар како главни фактори во издвојувањето од конкуренцијата.
Денес поморскиот синџир на снабдување е високо комплексен - тоа е свет во кој големите играчи секоја минута, секој ден, комуницираат меѓу себе со цел да управуваат ефикасно со бродовите кои заминуваат, патуваат и пристигнуваат во пристаништата ширум светот. Друг важен тренд е фокусиран на сопствениците на карго компаниите. Во последните години, испраќачите на пратки станаа главен приоритет за превозниците. Некои превозници сега директно се партнери со големите испраќачи на пратки како Маерк и Алибаба.
Железницата се соочува со зголемени конкурентски и ценовни притисоци, а за нивно намалување потребни се значителни подобрувања, како што се видливоста на возниот парк и стоките кои се превезуваат во реално време како и подобрување на безбедноста и ефикасноста во железничката индустрија. За да одговори на овие деловни барања, GS1 во партнерство железниците на неколку земји има развиено три применливи стандарди
Управувањето со протокот на производи низ копнените и поморски граници претставува главен предизвик, како и зголемените безбедносни ризици, за владините агенции и бизнис заедници.
Транспортот и логистиката имаат значајна улога во ланецот на снабдување и денес не постои ни една транспортна или логистичка фирма која може ефикасно да работи без имплементирани информатички технологии и размена на електронски податоци. GS1 има изработено група на препознатливи стандарди кои се применуваат во секторите транспорт и здравство. Решението опфаќа стандарди за бар кодирање и комуникација:
Транспортните и фирмите кои се занимаваат со логистика се стекнуваат со конкурентска предност со примената на GS1 стандардот во своето работење. Користа за фирмите е во тоа што се зголемува нивната ефикасност, се зголемува прегледноста при следење на испораката, поефикасно се користи инвентарот и основните средства за работа, се зголемува безбедноста на дистрибуцијата и работата се завршува во пократок рок.